Реклама
Наши ѕвезди

Северина обвинета за занемарување на детето – Центарот за социјално згрижување поднесе десетина пријави против неа

Реклама

Поднесени се десетина пријави за занемарување на детето

Фото: Принтскрин

Како што пренесуваат српските и хрватските медиуми, центарот за социјална грижа против неа поднесува кривична пријава.

Па така додека Северина (47) во Монте Карло рекламира очила за сончање и порачува „Секогаш гледајте ја светлата страна на животот“, а со атрактивните фотографии што ги објавува на социјалните мрежи порачува „Никогаш не треба да се откажете“, против неа се поднесени десетина пријави за занемарување на детето. Тоа се откри на конференцијата за новинари кога Северина ја најави својата голема турнеја  и ја шокираше јавноста.

Маркетинг

Имено, пејачката крајот на минатата година ја дочека со првостепена пресуда, која за многумина преставува преседан.

Фото: Принтскрин

Хрватскиот суд со неправосилна пресуда одлучи дека синот што го доби од бракот со Милан Поповиќ треба да живее со таткото. Во меѓувреме на турнејата на Северина фановите цело време и даваа поддршка.

Маркетинг

Таа ги полнеше арените и песните ги посвети на своите најблиски. На пресудата за која што се пишуваше во целиот регион, и претходеа пријавите од загрепското основно училиште во кое учеше нејзиниот син.

Фото: Инстаграм/ Северина

Беа поднесени десетина пријави за занемарување на детето. Тоа беше откриено на конференцијата за новинари.

Но ова е прв пат и Центарот за социјална грижа да поднесе казнена пријава против госпоѓата Којиќ.

Тие не сакаат да изнесуваат детали во врска со постапката и ситуацијата во семејството, пренесе 24сата.хр.

Фото: Инстаграм/ Северина

Инаку, поранешните партнери Северина Којиќ и Милан Поповиќ седум години судски се во спор околу старателството.

Се до последната пресуда синот беше доделен на мајката. Но по новата пресуда, која се уште не е конечна, познатата пејачка има право да го гледа својот син два пати седмично, по пет часа и секој втор викенд.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button