Реклама
Наши ѕвезди

Северина во тоалета која е совршен избор за свечени пригоди

Реклама

Северина во фустан за паметење!

Познатата хрватска пејачка знае како да ги воодушеви своите обожаватели. Имано Северина важи за една од најстилизираните жени на естрадата, па речиси секое нејзино модно издание на социјалните мрежи е проследено со бројни лајкови и позитивни коментари, а така беше и овој пат.

Маркетинг

Според коментарите од обожавателите под фотографијата ова дури е и едно од нејзините најдобри модни изданија.

Фото: Инстаграм/ Северина Којиќ

Во прашање е долг црн фустан кој совршено стои на секој тип на женското тело, бидејќи вешто ги сокрива недостатоците. Интересните карнери на едниот ракав пак, го насочуваат вниманието во горниот дел од фустанот, и го сокриваат едното раме, додека другото е откриено и токму заради ваквиот крој овој модел изгледа женствено и неодоливо.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Северина Којиќ

Северина покрај фустанот кој и стоеше фантастично носеше елегантни црни сандали, косата и беше залижана и собрана во ниска пунџа, додека очите и беа истакнати и со дискретен кармин на усните во боја на месо.

Фото: Инстаграм/ Северина Којиќ

Црниот фустан не мора секогаш да изгледа класично, а Северина тоа вешто го демонстрираше и ги воодушеви сите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button