Нема кој не чул за Сара Мејс или подобро да речеме нема кој не чул за песната „Врне, врне“, која сите си ја потпевнуваме на дождлив ден. Денеска можеби не врне, но можеме да зборуваме за убавината и квалитетот на нашата пејачка.
Поп пејачката Сара Мејс има неколку хитови кои се специфични композиции карактерситични за неа. Таа е уникатна и во музиката, но се издвојува и со својот стил.
Сара е интересна затоа што секогаш е храбра со фризурата и облеката, никогаш не е како толпата.
Уште кога се појави на сцената со обетката пердув која долго време беше нејзин заштитен знак, Сара остана различна!
Можеби не знаете за неа дека предава музичко во приватно училиште.
За јавноста е позната како сопруга на водителот Димитар Атанасовски со кој имаат две дечиња. Не смееме да го занемариме фактот дека ова млада мама изгледа фантастично и комплетно знае што значи да се биде ѕвезда и дека тоа го вклучува моментот да се внимава и на физичкиот изглед, Погледнете како изгледаше Сара оваа година на плажа.
Таа е школкуван музичар и тоа ни помалку ни повеќе таа е реткост во оркестарот бидејќи свири на харфа. Не постојат многу музичари кој го одбираат овој инструмент затоа што припаѓа во потешките инструменти.
Нашата секси харфистка е прекрасна кога свири, доколку не сте ја виделе треба да се појавите на некој следен настап.
Пред неколку дена Сара беше дел од концерт во Македонската филхармонија. Таа се појави со својата харфа на сцената и блесна во прекрсана елегантна комбинација. Убаво сатенско долго здолниште кое го искомбинирала со интересна кожула со ракави како пеперутка.
Одлично и прилега овој дамски стил надополнет со богат накит.
Па така ќе речеме, ако светот ја има секси пијансистката Лола Астанова, ние можеме да се пофалиме со нашата Сара Костадиновска.
Еве уште една убава елегантна комбинација на Сра Мејс. Црвен миди фустан кој ја следи линијата на телото. За оваа модна комбинација пејачката одлучила да оди монохроматски, црвените чевли и чанта даваат одличен „look“ комплетирајќи го целосниот изглед со црвен кармин.