Свадба за паметење: Додека младенците се веселеа во сала, семејството славеше од дневната соба, еве зошто (ВИДЕО)
Предраг е момче од Ваљево кое неодамна се венчаше во Чикаго со својата избраничка Сара. Бидејќи семејството не успеа да стигне од Ваљево, пред се поради епидемијата од коронавирус, но сепак благодарение на модерните медиуми успеаја да видат поголем дел од церемонијата. Во меѓувреме невестата учи српски јазик и се подготвува да го посети Ваљево.
SvadДодека српско-палестинската венчавка во Чикаго на Предраг и Сара беше во полн ек, семејството во Србија го помина денот следејќи колку што може од тоа преку зум апликацијата.
Семејството и пријателите ја следеа веселбата од дневната соба од семејната куќа во Ваљево. Предраг отишол во Америка пред три години, а Сара е родена во Чикаго.
– Прекрасно е и повеќе отколку што можам да замислам. Не запозна заедничка пријателка од српско потекло. Не сум била во Србија, но би сакала да ја посетам, рече Сара.
Младоженецот Предраг истакнува дека, кога ќе помине пандемијата, следната година ќе направи прослава за родителите во Србија.
https://www.youtube.com/watch?v=gPPxCokJp2Y
Тука биле и свештеници од ваљевскиот крај. Отец Саша Ѓурѓевиќ дошол од Флорида за оваа венчавка.
-Некако Бог не спои истио ден овде кога доаѓав по виза во американската амбасада да ги видам Предраг и Сара, а не се познававме, истакна отец Саша Ѓурѓевиќ.
-Ова ми е можност да ги поздравам родителите на Предраг кои не се на венчавка, но со нас беа духовно и ја следеа венчавката преку зум апликацијата, рече свештеникот Александар Петровиќ.