Саша Ковачевиќ пред концертот во Охрид направи лом на Инстаграм – жените без здив од овие фотографии
Многу жени не можеа да му одолеат, па оставија коментари...
Познатиот пејач ги воодушеви жените
Познатиот пејач Саша Ковачевиќ кој на 5 август ќе одржи голем концерт во Охрид објави фотографии со кои ги воодушеви жените.
Миленикот на женскта публика и пејачот што ги има испеано најубавите балади со секоја своја фотографија привлекува внимание на социјалните мрежи, но кога ќе го покаже своето мускулесто настанува молк.
Имено, Саша важи и за еден од најзгодните пејачи во регионот и мами воздишки каде и да се појави.
Инстаграм/ Саша Ковачевиќ
Тој е во топ форма и на социјалните мрежи често знае да ги почести фановите о фотки на кои позира со своето мускулесто тело во преден план, додека жените секогаш со внимание ги гледаат овие негови изданија, а многу од нив и ги коментираат.
Инстаграм/ Саша Ковачевиќ
Така беше и со неговите најнови фотки направени во Турција на кои во преден план е неговото неверојатно згодно тело.
Инстаграм/ Саша Ковачевиќ
Посебно внимание привлече и со фотографијата на која шорцот малку му е спуштен, а секое мускулче му се познава.
Инстаграм/ Саша Ковачевиќ
И кога ќе видите колку коментари и лајкови има пејачот во ова издание, може слободно да се каже дека го „запалил“ интернетот.
Инстаграм/ Саша Ковачевиќ
Како што самиот повеќе пати има истакнато, тренира шест дена во неделата и внимава на исхраната, па не е ни чудо што неговите фотографии секогаш привлекуваат внимание на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Саша Ковачевиќ
На неговото тело му се познава секое мускулче, а како што самиот вели најчесто јаде риба, пилешко и говедско. Пие многу вода, лимонада и бело вино кога настапува, а од јаглехидрати консумира ориз и компир.
Инстаграм/ Саша Ковачевиќ
На неговото мени има и големи количини на разновиден зеленчук и овошје, а не прескокнува тренинг дури и кога патува.
Инстаграм/ Саша Ковачевиќ
Потсетуваме, Саша во август ќе одржи голем концерт во Античкиот Театар во Охрид за кој веќе се бара влезница повеќе.