Сите на „Инстаграм“ веќе добро ја познаваат Сара Беро како самохрана мајка на три девојчиња. На 20-годишна возраст таа роди близначки со Даунов синдром, посветувајќи го својот живот на борба за нивно квалитетно воспитување во средина каде што беше доста предизвикувачки.
Таа сама ги израсна Ирма и Илда и со помош на родителите ги надмина сите предизвици за нивното воспитување. По неколку години ја роди ќерката Ина, девојка која не може да замисли ниту еден ден поминат без нејзините постари сестри.
Сара пред неколку дена на социјалните мрежи сподели прекрасни фотографии од животната пресвртница на нејзините близначки – фотографии од матурската вечер.
На фотографиите Сара покажа како нејзините девојки се подготвуваат и какви фустани носат. Таа истакна и кој им дал најголема поддршка – нивниот вујко, братот на Сара, заедно со најдобрата пријателка на Сара.
Сара за Ona.rs откри и дека девојките отсега ќе одат по својот пат.
– Девојките беа на матура, ги придружуваше нивниот вујко. Беше многу емотивно и за мене неописливо ново чувство.
Пред да заминам, организирав ручек за моите пријатели и семејството, па сите заедно ги испративме – рече Сара и продолжи за уписот на девојчињата во средно училиште.
– Ирма ја запишавме во средно училиште за готвење. Илда сака уметност и сликарство, па ја чекаме категоризацијата и провизијата. Затоа решив да ги разделам по девет години заедничко школување бидејќи имаат различни интереси – заклучила Сара.