Сандали со ниски потпетици од Зара за кои сите зборуваат

Шик сандали во кои ќе се вљубите на прв поглед

И покрај тоа што трендовите за ова лето ја покажаа својата минималистичка страна и во фокусот се едноставни и земјени тонови, во понудата низ продавниците секако дека можете да најдете и повпечатливи модели кои дефинитивно изгледаат посебно и се поинакви од другите.

ADVERTISEMENT

Мораме да признаеме дека во Зара редовно пронаоѓаме интересни и поинакви модели кои апсолутно ни го привлекуваат вниманието и изгледаат тренди. Овој пат во прашање се сандали со ниска пета кои се украсени со декоративни пердуви кои го покриваат целиот преден дел од чевелот. Ваквиот модел изгледа доминантно и преовладува со останатиот дел од комбинацијата, па затоа морате посебно да внимавате со што и како ќе го носите.

Имено, многу е важно останатиот дел од облеката да биде минималистички и неутрален за овој специфичен модел потполно да дојде до израз, но и вашата комбинација да не отиде во кич насока.

Facebook Comments
(Visited 62 times, 1 visits today)