На 1 јули, започнува летната сезона во Грција.
А, за да можете да одите на одмор кај нашиот јужен сосед ќе мора да имаат негативен тест на коронавирусот, пренесува Greekreporter.com.
Грчкиот министер за туризам вели дека луѓето треба да се одморат, и да не бидат обврзани да одговараат на прашањата дали се позитивни и колку имаат заболени во својата земја
Моментално понудените тестови за вирусот корона на аеродромот во Виена чинат 190 евра.Па ако израчунате за едно четиричлено семејство треба да потроши и дополнителни 1.500 евра покрај трошоците за одмор, доколку се принудени да прават уште еден тест при враќање од одмор.
Тој напомена дека тестовите не се потребни за оние што се враќаат дома по одморот во Грција.
Специјалните заштитници со плексиглас, крпи за еднократна употреба и антисептици се само некои од мерките преземени од сопствениците на големи луксузни хотели во Грција.
Идејата за лежалки се појави прво кај хотелиерот и сопственикот на луксузен хотел Suites of Gods Charilie Chahine. Тој на плажата Периса постви столици со заштита од плексиглас, која важи за идеална заштита, особено за семејства со деца.
Со оваа конструкција, гостите во хотелот нема да мора да се грижат за ширењето на коронавирусот.
„Вработените во хотелот ќе бидат опремени со маски и раквици. Видовме слични инсталации во светот, па затоа дојдовме со идеја да го сториме истото во Санторини за да ги направиме нашите клиенти да се чувствуваат побезбедни “, рече Чарли Чахин, сопственик на„ Suites of Gods “во Санторини.