Само нашата позната фолкерка може да носи вакви халенки – мажите ВООДУШЕВЕНИ од ова змиcко издание на фолкерката
Нашата позната пејачка облече хеланки и уште еднаш покажа зошто е една од најзгодните пејачки на нашата сцена.
Познатата фолк пејачка Сузана Гавазова своите тесни и куси фустани овој пат ги замени со кул хеланки со кои никого не остави рамнодушен.
Гавазова на социјалните мрежи објави неколку снимки на кои позира во тренди хеланки со интересен дезен што ги носеше со полупроѕирна црна маичка, а целото издание го зачини со тренди ПВЦ високи потпетици.
Само еден поглед на фотографиите во продолжение покажуваат дека оваа жена, и покрај тоа што е мајка на две ќерки, кои исто така се фотографираа со неа, се уште остава без здив. Во преден план се нејзиното извежбано и затегнато тело, кое дополнително го истакна со впечатливиот змиски дезен, додека под црната маичка се наѕираше и градникот, па следуваа бројни коментари и комплименти на сметка на нејзиниот фатален изглед.
Како да избегнете модна катастрофа?
Инаку, хеланките веќе неколку сезони важат за „маст-хев“ парче во плакарите, посебно што се вклопуваат со секој стил.
Но проблемот е што со нив може и многу лесно да се згреши. а познатата модна стилистка Клеми Филдсент наброи неколку работи на кои треба да внимавате за да не дојде до потенцијална катастрофа.
Погрешен материјал
Како што самата вели, првата и основна грешка кај носењето хеланки е изборот на погрешен материјал.
Црните или потемните хеланки можат да бидат проѕирни и да откриваат премногу, ако материјалот е евтин и тенок.
Колку материјалот е потенок, толку повеќе ќе се гледа кожата низ него, и обратно. Тоа можете да го проверите така што ќе ја ставите раката на ногавиците, ќе ја затегнете ткаенината и ќе проценете дали можете да ја видите својата кожа. И ако можете секако дека не треба да го купите тој пар хеланки, туку да изберете некој направен од поквалитетен материјал.
Бидете внимателни со дезените
Од друга страна хеланките со шари се одличен избор доколку сакате да изгледате модерно, но и да ви биде удобно во исто време.
Но погрешно поставен цвет или растегнати долгнавести облици на хеланки со дезен можат да доведат до тоа да изгледаат многу лошо кога ќе ги носите. И не само тоа, тие дури и нагласуваат некои недостатоци.
Но овој проблем очигледно не се однесува за овој модел што го носи Гавазова, кој е со логото на „Роберто Кавали“ и кој на официјалната страница на познатиот бренд се продава по цена од околу 500 долари.
Погледнете уште неколку фотки од ова „опacно“ издание на Гавазова, но и неколку хит пролетни комбинации со хеланки.
На крајот од галеријата погледнете и неколку наши шопинг предлози за вашите плакари…
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Предлог комбинации
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Наши предлози за вашите плакари:
Mango
Farfetch
H&M
Mango
Monki
Zara
Never Fully Dressed
& Other Stories