„Сакам оваа ситуација поскоро да заврши“ – го посака ова и уште нешто Маја за својот 33. роденден
Младата музичка ѕвезда Маја Беровиќ денеска го прослави 33. роденден, а многумина се изненадија што на фотографиите позира во Барби стил.
По повод роденденот, Маја позираше пред куп розови балони, додека в раце држи торта во форма на срце на која е испишано „Среќен роденден“. Таа ги воодушеви фановите на социјалните мрежи со специјален едиторијал направен за оваа прилика, во стилот на Амазонка.
https://www.instagram.com/p/CCaoXgTJMsF/
Роденденот го прослави во друштво на сопругот Ален и своите пријатели. Маја со најблиските дуваше свеќички од роденденската торта, а си замисли и желби.
https://www.instagram.com/p/CCYiVa2pYky/?utm_source=ig_embed
– Листата на желби не е преголема, сакам ситуацијата која владее на целата планета, што е можно побрзо да заврши. Здравје, љубов, среќа, албумот кој го подготвувам да помине одлично, сето тоа се најде на списокот за наредните 365 дена, рече Маја по тој повод.