Одличен есенски десерт.
Состојки за бисквити:
– 3 јајца
– 3 лажици шеќер
– 3 лажици брашно
Состојки за крем:
– 600 гр маскарпоне
– 400 мл слатка павлака
– сок од 4 мандарини
– 100 гр шеќер во прав
Додаток:
– 4 мандарини за полнење
Подготовка:
Калапот премачкајте го со малку путер, а потоа посипете го со малку брашно и ставете го настрана. Вклучете ја рерната на 180 степени.
Изматете ги јајцата со шеќерот додека не добиете мазна светло жолта смеса. Потоа, додате го брашното со лажица. Истурете ја смесата во калапот и ставете ја во рерната. Печете го бисквитот помеѓу 15 и 20 минути.
Откако бисквитот ќе се олади, извадете го од калапот. Исечете го бисквитот со нож.
Потоа подгответе ги мандарините. Од четири мандарини исцедете го сокот.
Во друг сад измешајте го маскарпоне со шеќер. Додадете сок од мандарина во смесата и измешајте. Потоа, со лажица, додајте го кремот врз бисквитот, па покријте ја со кремот маскарпоне и мандарини.
Покријте ја калапот со фолија и ладете го неколку часа.