Лицата кои ја преболеле инфекцијата предизвикана од коронавирусот стекнуваат имунитет, но само со помош на експеримент може да се даде можност да се одреди неговата стабилност.
Лицата кои прележале коронавирус веројатно ќе бидат имуни на него неколку години, изјави раководителот на лабораторијата за екологија на микроорганизмите при Школата за биомедицина на Далекуисточниот федерален универзитет, професор Михаил Шчелканов.
Тој исто така истакнува дека засега тестирањата на вакцината против коронавирусот успешно напредуваат ако и дека веројатно вакцина наскоро ќе има во Русија.
– Сметам дека до лето во Русија ќе има вакцина. И натаму се надевам дека нема да биде потребна за широка примена. Најдоброто сценарио е дека вакцината ќе остане како една од резервните опции. Преодното сценарио подразбра дека вакцината ќе им се дава на луѓе од различни групи – постари, оние со дијабетес, прекумерна тежина, кардиоваскуларни болести. Тоа се стандардни ризични групи за акутна респирататорна вирусна инфекција – рече тој.
Според зборовите на вирологот, во најлош случај вакцината ќе мора да биде вклучена во составот на сезонските вакцини против грип.
– Меѓутоа, не мислам дека ќе дојде до тоа, и натаму се надевам на најдоброто, истакна тој.
Да потсетиме, СЗО на 11. март епидемијата на новиот коронавирус ја прогласи за пандемија. Првите случаи на заразасо овој вирус се забелани кон крајот на 2019 година во Кина.