Русинка преживеа кошмар во соседството – момчето безмилосно ја претепа, еве што објави на Инстаграм!
Нејзиното момче целата ја остави во страшни модринки
Објави шокантни фотографии на својот Инстаграм
Русинката А.Р. (19) тврди дека нејзиното момче од Србија најпрво брутално ја претепал, а потоа и ја ограбил.
Нејзиното момче наводно бил во алкохолизирана состојба, а по нападот девојката веднаш го пријавила насилникот во полиција и по него е распишана потерница.
Станува збор за М.С. од Косјериќ, а морбидниот настан се случил на 4 декември во Нов Белград, пренесува српскиот „Блиц“.
Фото: Инстаграм/ Џени или Стефанија
Како што откри и самата девојка објавувајќи неколку фотографии на Инстаграм на кои се гледаат нејзините модринки, момчето и ги одземал документите, ја малтретирал и ѝ се заканувал.
Фото: Инстаграм/ Џени или Стефанија
Останала и без документи
Русинката вели дека од повредите има рани на главата, а затоа што и ги земал парите и документите не може да ја напушти државата.
Фото: Инстаграм/ Џени или Стефанија
Таа јавно му порача дека ова нема никогаш да му го прости…