Ријана го запали Инстаграм во секси пинк издание

ADVERTISEMENT

Познатата пејачка, модна дизајнерка и бјути могул е успешна во сé што прави, па дури и во рекламирање на своите производи.

Во ова не убеди и со нејзината најнова објава на Инстаграм, со која го претстави својот нов кармин од нејзиниот бренд „Fenty Beauty“ кој ќе го пушти во продажба на Денот на вљубените.

ADVERTISEMENT

Во духот на овој романтичен празник, карминот доаѓа во силна нијанса на розова боја која Ријана за рекламата на Инстаграм одлучи да ја носи од глава до пети, па во пинк издание позираше покрај розов автомобил.

 

ADVERTISEMENT

Покрај тоа што откри како изгледа карминот на нејзините усни, таа го усклади со краток топ и сјајна панталони од латекс во иста боја, а со своите секси стомачни мускули и прекрасни облини ги воодушеви сите.

За помалку од 24 часа фотографијатасобра речиси 3 и пол милиони лајкови, чиј број постојано расте, а Ријана во коментарите доби бројни пофалби за нејзиниот изглед и за новиот кармин, па сигурни сме дека тоа ќе биде, исто така, уште еден хит од нејзиниот бренд за убавина .

Facebook Comments
(Visited 199 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT