Ричард Гир стана татко на 70 години

На 70-годишна возраст познатиот актер Ричард Гир му посака добредојде на своето второ дете. 

ADVERTISEMENT

Неговата сакана Алехандра Силва роди момче, чие име сè уште не е соопштено.

ADVERTISEMENT

Веста за бременоста ја објави Силва на Инстаграм заедно со фотографија со Далај Лама. „Многу специјален момент се случи пред само неколку минути… Добивме благослови за нашето скапоцено кое е на пат… Не можевме да објавиме за бременоста пред да му кажеме на Далај Лама“ – напиша таа.

 

ADVERTISEMENT

Гир се смета за тибетски будист и е активен поддржувач на Далај Лама. Тој и Силва се во брак од минатата година и се запознаа во 2014 година. Тој беше оженет со Синди Крафорд од 1991 до 1995 година, а од 2002 до 2016 година со Кери Лоуел со кого има 18-годишен син Хомер.

Силва од претходниот брак има петгодишен син.

Facebook Comments
(Visited 251 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT