Реши да ја роди ќеркичката предвремено за да може нејзиниот сопруг болен од рак да ја види и гушне пред да почине
Приказна која нема никого да остави рамнодушен …
Марк Ауглер имаше само 52 години кога почина од рак на белите дробови. Тој и неговата сопруга, Дајан, го чекаа нивното новороденче што требаше да се роди додека тој веќе беше во тешка фаза од својата болест, но докторите во еден момент му кажале дека ќе живее само неколку дена и дека нема да може да го види доаѓањето на овој свет на бебето.
Поради тоа парот во договор со лекарите, одлучи да предизвикаат предвремено породување за да му овозможат на Марк да се запознае со своето мало девојче по име Савана. По раѓањето, Дајан веднаш му го предала бебето на нејзиниот сопруг. Тој ја држеше 45 минути во рацете, разговараше со неа, плачеше. Само неколку дена подоцна, Марк падна во кома. Неговото срце чукаше се побавно и беше јасно дека ги брои своите последни часови.
Дајан го стави бебето во неговите раце и го држеше за раката се додека неговото срце не престана да чука.