Реклама
Наши ѕвезди

Ретка фотографија од младоста на Цаци од Сител – ќе се изненадите и од сличноста со овие две дами

Три грации, три генерации

Реклама

Оваа прекрасна дама и со својот физички изгледа воодушевува

И Цаци тоа го прави веќе со години, а малкумина денес се сеќаваат како познатата водителка изгледаше на почетокот од кариерата.

Имано Славица Арсова Спасовски е новинарка и уредничка на информативната редакција на најгледаната национална телевизија Сител. Цаци исто така е и основач на порталот Прес24, а е ќерка на новинарката Розета Арсова, наша позната водителка која долги години беше уредничка на образовната програма на МТВ.

Маркетинг

Цаци со својата харизма плени уште откако се појави во медиумскиот простор, а како изгледаше на почетокот од својата богата телевизиска кариера, погледнете во продолжение…

Маркетинг
Фејсбук/ Славица Арсова

Имено, Цаци и пред десетина години и сега изгледа речиси непроменето, а некои би кажале дека сега дури е и поубава.

Впрочем за тоа сведочат и нејзините последни објави на социјалните мрежи, а посебно внимание привлекува и нејзината нова фризура.

Инстаграм/ Славица Арсова

Потсетуваме, Славица е во брак со нејзиниот колега Александар Спасовски, а круна на нивната љубов е ќерката Мила.

Инстаграм/ Славица Арсова

Тие се во брак веќе повеќе од 10 години, а за нивната свршувачка што се случи во 2012 година се пишуваше и во регионот, кога Александар јавно ја запроси пред гледачите на вестите на телевизија Сител.

Цаци во текот на летото објави и една заедничка фотка со целото семејство кога исто така ги воодушеви сите.

Инстаграм/ Славица Арсова

„Мои луѓе“, напиша водителката тогаш под оваа фотографија што ја сподели на својот профил на социјалните мрежи.

А како изгледаше и мајката на Цаци, Розета Арсова во младоста, потсетете се од фотографијата во продолжение….

Инстаграм/ Славица Арсова

Па, колку Цаци од младите денови ви личи на Рози во ова издание и дали и нејзината ќерка ве потсетува на нив?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button