Реисот Сулејман Реџепи рипна во тавче – погледнете каква убавица е избраничката на човекот што прогласи дека Ковид е yмpeн
Емина Јетиши е 50 години помлада од Сулејман
Поглаварот на Исламската верска заедница, реисот Сулејман Реџепи деновиве повторно рипна во тавче
Имено, реисот Сулејман Реџепи реши повторно да стапне на лудиот камен, а веста ја објавија медиумите на албански јазик.
Неговата сегашна сопруга, Јетиши е потпретседателка на огранокот на ДУИ во Студеничани и има една ќеркичка од претходниот брак. Во прашање е девојка која е 50 години помлада од него, во која реисот очигледно ја доживува втората младост на свои 74 години.
Инаку, ова е втор брак на реисот Реџепи, четири години откако почина неговата прва сопруга.
Инаку, реисот Сулејман Реџепи деновиве се најде во центарот на вниманието и по неговата изјава за медиумите што ја даде пред џамијата Мустафа Паша во Скопје. Имено, тој го честиташе празникот Фитер Бајрам на верниците со муслиманска вероисповед и во говорот, покрај честитките, го прогласи вирусот Ковид-19 за мpтo в.
„Во наредниот период секогаш да победуваме, лошото да го победуваме. И да знаете дека Ковид-19 можам слободно да го прогласам дека е yмpeн од денес . Со оглед дека го победивме, заради тоа сме тука пред џамијата. Господ е со нас. И кога е Господ е с онас ние се чувствуваме најсилни во светото“, рече тој, а видеото стана хит на социјалните мрежи.
Инаку, избраничката на неговото срце, како што пишуваа албанските медиуми, е Емина Јетиши (24).