Реклама
Вести

РЕГИОНОТ ВО ШОК – Позната пејачка претепана: Сопругот ја удирал со тупаници и ја клоцал во глава

Реклама

Пред неколку дена во Босна и Херцеговина се случи хорор кога познатиот музичар Адис Цигура ја претепа својата сопруга пејачката Алдина Бајиќ.

Како што пишуваат тамошните медиуми, извесно време се шушкало дека нешто не е во ред во тој брак, а потоа почнале и откажувањата на настапите. Сопственик на клуб во Германија добил порака од братот на Адис Цигурa дека настапот се одложува бидејќи Алдина не е добро, а Адис е во затвор во Зеница.

Неколку дена потоа се појави страшна снимка која е создадена во дневната соба на споменатиот пар. На тоа видео Алдина може да се види како седи на каучот во дневната соба. Во еден момент Алдина му го дава телефонот на Адис, а тој почнува силно да ја удира со тупаници по главата, соборувајќи ја на подот, а потоа почнува да ја клоца во главата. После тоа ја фаќа за коса и ја влече по подот.

Маркетинг

„Нај портал“ наведува дека Алдина Бајиќ 24 часа е под лекарска грижа и под силни лекови, а се наведува и дека по бруталното претепување пејачката била во несвест повеќе од два часа.

Маркетинг

Адис, како што е наведено, има наредба за затворање за неговата се уште легална сопруга Алдина Бајиќ. По излегувањето од затвор го чека судење, а потоа и поделба на имотот, пишува споменатиот портал.

Алдина Бајиќ никогаш немала лесен живот, се борела за својата егзистенција, за своето парче рај, а пред десет години заболела од тешка болест – рак.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button