Реклама
Наши ѕвезди

Ребека со емотивна порака за својот син – со ПРЕУБАВИ СЕМЕЈНИ ФОТОГРАФИИ му го честиташе роденденот на Маркијан

Реклама

Поранешната пејачка со емотивна порака за својот син.

Секогаш насмеана и храбра Ребека Јанковска Ристески важи за жена борец посебно кога се работи за нејзините деца.

Маркетинг

Таа веќе подолго време отворено зборува за бо-леста на својот син и за предрасудите со кои лавовски се бори секојдневно.

Како и секоја мајка таа го посакува најдоброто за своите деца, па често може да прочитаме некоја емотивна порака посветена токму на своите деца, а често знае и да распали на социјалните мрежи и без „влакна на јазикот“ да о мисли.

Маркетинг
Фото: Фејсбук / Ребека Јанковска Ристески
Фото: Фејсбук / Ребека Јанковска Ристески

Храбра Ребека во интервју за „Женски магазин“ откри дека дознале дека нешто не е во ред со Маркијан уште додека била во седмиот месец од бременоста, но сепак одлучиле да ги прифатат сите предизвици и искушенија и одлучиле да го задржат и да се радуваат на неговиот живот.

Фото: Фејсбук / Ребека Јанковска Ристески
Фото: Фејсбук / Ребека Јанковска Ристески

Кога Маркијан имал само 3 месеци првпат добил епиле-птични напа-ди. Понекогаш знаел да има и по 100 на-пади на ден. Но без оглед на нејзината тешка ситуација, пејачката морала да продолжи да пее. За да се патува и да се прават испитувањата надвор од нашата земја, со цел да се обезбедат најдобрите третмани за Маркијан, потребни биле многу пари.

Семејството сега има причина за славење, односно Маркијан славеше роденден и наполни 15 години, а неговата мајка со емотивна порака и семејни фотографии му го честиташе роденденот.

Фото: Фејсбук / Ребека Јанковска Ристески
Фото: Фејсбук / Ребека Јанковска Ристески
Фото: Фејсбук / Ребека Јанковска Ристески

-Најголемата наша желба е да бидеш среќен и опкружен со добри луѓе. Нашата мисија е долга и сè уште трае.

Се молам за повеќе добрина во светот кој го врти погледот. Жалам за лошите политики, површните анализи, некомпетентните функции на нашите „презафатени“ политичари и нивните грешни души.

Фото: Фејсбук / Ребека Јанковска Ристески
Фото: Фејсбук / Ребека Јанковска Ристески

Среќен роденден Батка, Мангупски, љубовче и сонце наше. Те сакаме-напиша таа.

Мики и Ребека имаат три деца, синовите Маркијан, Макариј и Доротеј и се пример за храбри и упорни родители!

Фото: Фејсбук / Ребека Јанковска Ристески
Фото: Фејсбук / Ребека Јанковска Ристески
Фото: Фејсбук / Ребека Јанковска Ристески
Фото: Фејсбук / Ребека Јанковска Ристески
Фото: Фејсбук / Ребека Јанковска Ристески
Фото: Фејсбук / Ребека Јанковска Ристески

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button