Ребека се огласи во врска со cкaндaлот со малата Ембла – и синот на ПОПУЛАРНАТА пејачка доживеал непријатна ситуација!
Случајот со малата Ембла Адеми од Гостивар, девојчето со Даунов си дром кое доживеа огромна неправда ја крена цела Македонија на нозе.
Таа не го почна второто полугодие во нејзиното одделение поради бојкот на родителите на учениците од паралелката кои се жалеле на агресивност од ова 11-годишно девојче со Даунов синдром.
Министерот за образовсние и наука на Фејсбук напиша дека Ембла не ја почувствувала радоста од повторното враќање во училишните клупи на првиот ден од второто полугодие, затоа што, за жал, како што вели, „во нашето општество се уште постојат стереотипни размислувања и предрасуди за луѓето со посебни потреби“.
Родителите на нејзините соученици, кои со петиција барале Ембла да не биде во исто одделение со нивните деца.
„Поради тоа што Ембла пречи за време на наставата и поради тоа што е агресивна, сите родители донесовме одлука да ја бојкотираме наставата“, се вели во петицијата.
Оваа приказна покрена лавина реакции, а особено гласни беа јавните личности кои побараа правда за малата Ембла.
Некои од нив се соочиле со слична приказна, па го споделија и своето искуство.
Се чини дека во Македонија сѐ уште има стереотипи и предрасуди кога станува збор за децата со посебни потреби и понатаму се отфрлаат од општеството.
Македонската пејачка Ребека Јанковска Ристески секогаш гласно зборува на оваа тема и се бори за правата на овие деца, токму поради тоа што и самата таа води огромна битка со нејзииот син Маркијан.
Храбрата мајка отворено говори за болеста на својот син и за предрасудите со кои лавовски се бори секојдневно.
Кога Маркијан имал само 3 месеци првпат добил епиле-птични напа-ди. Понекогаш знаел да има и по 100 на-пади на ден. Но без оглед на нејзината тешка ситуација, пејачката морала да продолжи да пее. За да се патува и да се прават испитувањата надвор од нашата земја, со цел да се обезбедат најдобрите третмани за Маркијан, потребни биле многу пари.
Таа, инспирирана од приказната за Ембла се огласи на Фејсбук и кажа со пто сѐ морал да се соочи и Маркијан.
„Пред 8 години И се уште зборуваме за исти теми. Пред 11 години Маркијан со петиција од родители беше избркан од градинка на неполни 4 години, во меѓувреме уште многу деца исфрлени од училиштата и градинките, а денес Ембла Многу деца надвор од образовниот систем!!! Бараме нови системски решенија! Под итно!!!!”, напиша Ребека.
ФОТО: Фејсбук / Ребека
ФОТО: Фејсбук / Ребека
ФОТО: Фејсбук / Ребека
ФОТО: Фејсбук / Ребека
ФОТО: Фејсбук / Ребека
ФОТО: Фејсбук / Ребека
ФОТО: Фејсбук / Ребека
ФОТО: Фејсбук / Ребека
ФОТО: Фејсбук / Ребека
ФОТО: Фејсбук / Ребека
ФОТО: Фејсбук / Ребека
ФОТО: Фејсбук / Ребека
ФОТО: Фејсбук / Ребека
ФОТО: Фејсбук / Ребека
ФОТО: Фејсбук / Ребека
ФОТО: Фејсбук / Ребека