Ребека е права дама на плажа: Погледнете како ужива поранешната пејачка и кој и прави друштво
Македонската пејачка замина на заслужен летен одмор, па се пофали на Фејсбук.
Ребека заедно со сопругот, синовите и нејзината мајка ужива покрај море.
После цела година напорна работа, пејачката и нејзиниот сопруг, докторот Милан Ристески ги однсоа своите синови Маркијан, Макариј и Доротеј на одмор покрај море, а друштво им прави и мајката на Ребека.
ФОТО: Фејсбук / Ребека Јанковска Ристески
Семејството Ристески се вистински пример како се негуваат вистинските и добрите вредности.
Ребека, како една од основачите и претседателка на здружението „Дајте ни крилја“, направи многу за да се подобрат условите за живот на лицата со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби, а најмногу за тоа, многу од нив да ја добијат потребната, најчесто прескапа терапија која се најде на позитивната листа на ФЗО.
ФОТО: Фејсбук / Ребека Јанковска Ристески
Пејачката е активна во музиката, но и во фондацијата, а дома е посветена мајка и сопруга.
Професијата мајка е најтешка и најубава во исто време, а се работи 24 часа, 7 дена во неделата.
ФОТО: Фејсбук / Ребека Јанковска Ристески
Да се отиде на одмор со три малолетни деца скоро и да не е одмор, но е вистинско уживање за cелото семејство.
Пејачката сподели нивни заеднички фотографии на Фејбук и покажа како си поминуват, а во опис напиша: „Ние“.
Мора да се признае дека пејачката е вистинска дама дури и на плажа. Погледнете: