Поради својата неверојатна убавина, островот Боракај важи за еден од најубавите острови на светот.
Но поради преголемиот број на туристи од целиот свет кои во последно време почнаа се почесто да го посетуваат ова рајско место, властите минатата година мораа дури и да забранат посета во период од шест месеци..
Островот се наоѓа на Филипините, на Тихиот океан, а поради преубавите песочни плажи се вбројува во најубавите острови од таков тип на светот, па не треба да не чуди фактот зошто туристите го обожаваат. Главна атракција на островот е таканаречената Бела плажа која е долга цели четири километри и на која се наоѓа најдобрата инфраструктура на островот, од ресторани и кафулиња, до преубави места за ноќно излегување.
За време на забраната за туристи минатата година беа решени многу еколошки проблеми со кои островот се соочуваше поради масовниот туризам. Проблеми имаше од секаков вид – од големи количини ѓубре кое останува на крајбрежјето до отпадните води што завршуваат во морето. По шест месеци островот повторно беше отворено за туристи, но сепак со ограничен број на туристи што би можеле во иднина да го посетат ова преубаво место.