Раце полни пари, Анета пее и ја крена цела сала на нозе – омилената пејачка знае што им треба на луѓето
Важи за еден од најдобрите вокали кај нас, а на нејзините настапи секогаш е лудо и весело
Пејачката направи одлична забава
Пејачката Анета Љумаковска која до скоро беше дел од групата „Молика“ овој викенд направи одлична забава.
И како што може да се види од бројните снимки што испливаа на социјалните мрежи, пејачката во изминатиов период настапуваше со различни бендови, најчесто на свадби и веселби, а така беше и викендов кога повторно имаше закажана свирка.
Анета на една од овие снимки изгледаше како да е дојдена од некој холивудски црвен килим, блескајќи од глава до пети.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Таа за оваа пригода носеше тесен, зелен фустан, а кога се појави меѓу гостите сите веднаш ги расположи со песните што ги пееше.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
И секако за ова следуваше голем бакшиш, па во нејзините раце можеа да се видат евра и денари што ги доби за само неколку минутки.
Инстаграм/ Анита Даева
Како Анета изгледаше во ова свое издание и зошто сите се воодушевени од нејзините настапи, погледнете во продолжение…