Расплакани лица и МОРЕ ОД ЦВЕЌИЊА за жртвите од МАСАКРОТ ВО МОСКВА (ВИДЕО)
Овој терористички напад е најгрозоморниот чин кој ѝ се случил на Русија во последните години.
Врнежлив ден во Москва, 24 март 2024 година, знамињата на пола копје, Ден на жалост во Русија.
Илјадници цвеќиња се распослани пред концертната сала во Москва додека Русите тагуваа по жртвите на нападот во кој загинаа над 130 луѓе, меѓу кои и деца. Колони од луѓе пристигнуваат со солзи во очите за да оддадат почит.
Овој терористички напад е најгрозоморниот чин кој ѝ се случил на Русија во последните години.
Во нападот повеќе од сто луѓе се борат за живот низ болниците. Стотици луѓе застанаа на ред во Москва за да даруваат крв и плазма, соопшти руското Министерство за здравство.
Киев силно негираше каква било вмешаност во нападот врз музичката сала „Крокус“ во Красногорск, а огранокот на групата Исламска држава во Авганистан ја презеде одговорноста.
Претседателот Владимир Путин рече дека властите приведоа вкупно 11 лица во нападот, нарекувајќи го „крвав, варварски терористички чин“.
Во продолжение погледнете го видеото ВО ЖИВО од Москва.