Ракот се прошири на коските на актерката која цела Maкедонија ја обожаваше: „Сакам да живеам!“
Познатата актерка ја објави тажната вест
Актерката Шенон Доерти е најпозната по улогите во сериите „Волшебнички“ и „Беверли Хилс“, во една искрена исповед проговори за ракот кој моментално е во 4-та фаза.
Таа призна дека ракот се проширил, а сега освен на дојката го има и на коските, а причината за нејзиното признание е да ги инспирира луѓето ширум светот, бидејќи со сите сили се бори за живот.
„Не сакам да умрам. Не сум завршила со животот. Не сум завршила со љубовта. Не сум завршила со создавањето. Не сум готова со надеж дека ќе ги променам работите на подобро. Едноставно не“, ова се зборовите на актерката чие лице ја краси насловната страница на декемвриското издание на магазинот „Пипл“.
Актерката, која е позната по улогите во „Беверли Хилс, 90210“ во интервјуто искрено и оптимистички зборува за ракот на дојката во четвртата фаза, кој веќе ѝсе проширил до нејзините коски.
Нејзиното осумгодишно патување со ракот ја натера да размислува за големата слика на нејзиниот живот, како и за темата што ќе ја истражува во нејзиниот подкаст во стилот на мемоари, „Ајде да бидеме на чисто со Шенон Доерти“, премиерно ќе биде прикажан на 6 декември на HeartRadio.
Таа во оваа прилика ќе зборува за врските и кариерата, но и за бројните фази на болеста, пренесува „Пипл“.
Среде битката со ракот, актерката Шенон Доерти поднесе барање за развод по 11 години брак.
52-годишната ѕвезда од Beverly Hills и Charmed го поднела барањето во петокот, а според TMZ, со сопругот биле разделени уште од јануари годинава.
Шенон и сопругот Курт се венчаа во 2011 година и немаат деца. За Шенон, ова ќе биде третиот развод.
Според портпаролката на актерката, Шенон не сакала развод, но немала друг избор. Истовремено, таа им порача на американските медиуми да стапат во контакт со агентката на Курт, алудирајќи на тоа дека можеби станува збор за афера.
„Разводот е последното нешто што го сакаше Шенон. За жал, беше оставена без ниту една друга опција.
Можете да стапите во контакт со агентката на Курт, Колиер Грим, бидејќи таа е интимно вклучена во ситуацијата“.
Инаку, во јуни актерката сподели дека ракот се проширил на мозокот, но туморот набрзо бил отстранет.