Вести

Радоста е неизмерна! Девојката на Лазар Ристовски се израдува од најубавата вест (ФОТО)

Advertisement

Девојката на Лазар Ристовски повеќе не крие дека е лудо вљубена во актерот кој е 39 години постар од неа

Српскиот популарен глумец Лазар Ристовски ги изненади сите кога по 42 години заеднички живот со сопругата Даница, соопшти дека се развел. Од бракот има два сина.

Advertisement

фото инстаграм

Сега пак, Ристовски повторно шокираше кога призна дека е во врска со 39 години помладата од него колешка Аница.

Но која е Аница?

Познато е дека е глумица во подем, а со Лазар веќе глумела заедно во „Дрим Тим“, а сега и во серијата „Попадија“. Моментно е ангажирана како глумица на филм „Руски конзул“ кој се уште се снима.

Аница студирала психологија во Италија, поточно во Падова. Освен тоа, таа завршила и музичко училиште во Белград, па изгледа дека е талентирана за повеќе области во уметноста.

фото инстаграм

До сега снимила и неколку телевизиски и Јутјуб реклами, па може да се каже дека е активна и присутна во сите сфери на јавниот живот. Препознатлива е и по својата природна убавина.

Девојката на Лазар Ристовски секојдневно се занимава со пофалби, но добива и многу критики од јавноста затоа што стапила во врска со 39 години постар колега.

Сите се прашуваат како во песната Габи Новак – Дали е тоа љубов или само шега, а бидејќи Аница Лазиќ со месеци е неразделна од својот избраник, на сите им стана јасно дека тоа се сериозни емоции со кои не треба да се шегува.


фото инстаграм

Се шпекулира дека Лазар со младата актерка стапил во врска пред една година, веднаш по разводот со Даница Ристовски и дека долго време живее со неа под ист покрив и дека силните чувства се обострани, додека врската е се подлабока, а доказ за тоа е фактот што парот неодамна се појави заедно на јавен настан.

Секако, сите гледаа само во нив, додека тие си се смешкаа како заљубени тинејџери. На многумина им беше многу забавно да го видат Лазар во ваква состојба, а ретко кој може да каже дека не му е по мерак новата врска.

фото инстаграм

Очигледно е дека девојката на Лазар Ристовски внесе нова енергија, ентузијазам, нови приказни и авантури во животот на драмскиот уметник, со кој секојдневно е опкружена како дел од големото семејство, што е случај и со актерот кој има две сина и внуци.

Ако се суди по Инстаграм профилот на Аница, освен големото семејство, таа има и значаен круг на пријатели кои ги негува и штити, а доказ за тоа е фотографијата со синот на нејзината пријателка во прегратка.

– Мојата пријателка Сања роди божествено момче. Љубов – напиша девојката на Лазар Ристовски, а сите искоментираа дека бебето одлично и стои и дека би било убаво наскоро и таа да стане мајка.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button