Радосни вести од храбрата водителка на телевизија Пинк која за малку ќе останеше без рака

Водителката Деа Ѓурѓевиќ која во февруари доживеа сообраќајна несреќа и за малце ќе останеше без рака, се враќа на малите екрани.

Веќе некое време се зборува за нејзиното враќање на работа, а сега конечно таа доби зелено светло од лекарите и се враќа во својата утринска програма. Таа е водителка на розовата телевизија, а гледачите од денес повторно ќе можат да ја гледаат нејзината препознатлива насмева и позитивна енергија заедно со водителот Предраг Сапар.

ADVERTISEMENT

 

„Одвај чекам! Конечно дојде тој ден и навистина сум неизмерно среќна што се враќам во најгледаната утринска програма. Им ветувам на гледачите дека ќе имаме потполно нови и поинакви теми, нови и уште поинтересни гости“ изјави возбудено водителката која е пресреќна што по толку време повторно ќе има прилика да дружи со публиката.

Facebook Comments
(Visited 323 times, 1 visits today)