Рада Манојловиќ призна дека се соочува со голем проблем: За прв пат прозборе за мајчинството- “Треба да се обратам на психијатар”
Не е подготвена за дете...

Многу се шпекулираше за крајот на врската меѓу Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ.
фото инстаграм/Рада Манојловиќ
Парот беше во врска четири години а токму во моментот кога многумина помислија дека Рада конечно ќе стапне на лудиот камен, тие раскинаа.
фото инстаграм/Рада Манојловиќ
Некои веруваа дека пропаѓањето на оваа љубов се должи на разликите во религиозните верувања.
фото инстаграм/Рада Манојловиќ
Други шпекулираа дека крајот на оваа врска дошол затоа што не ја подигнале својата врска на повисоко ниво и не основале семејство толку години а ова се покажа и како делумно точно.
фото инстаграм/Рада Манојловиќ
Имено Рада за прв пат реши јавно да прозбори за мајчинството.
фото инстаграм/Рада Манојловиќ
Зборувањето на оваа тема не и дојде лесно, но реши да проговори за борбите што ги води со себе и да стави крај на шпекулациите.
фото инстаграм/Рада Манојловиќ
Рада Манојловиќ за време на гостувањето во емисијата на Славица Ѓукиќ Дејановиќ проговори за мајчинството и ги откри деталите од разговорот со Харис кој доведе до крајот на оваа љубовна приказна.
фото инстаграм/Рада Манојловиќ
Имено, кога Славица ја прашала: „Сакаше ли да станеш мајка додека беше во врска со него?“
фото инстаграм/Рада Манојловиќ
Рада Манојловиќ откри дека тоа е една од причините за крајот на оваа врска:

– Тоа е тешко прашање, прашање за психолог или психијатар, бидејќи јас го немам тоа чувство. Без разлика со која личност сум. Се обидов да му објаснам на Харис, и на другите, но сите мислат дека е до нив, во смисла не сакаш дете со мене… И некако, јас сум личност која не може да го реши тој вербален проблем, односот со луѓето, мислам дека не сум спремна за дете и за одгледување дете, јас што бегам од се – рече Рада.
фото инстаграм/Рада Манојловиќ