Реклама
MAMAБебињаДом и семејство

Пушењето и пиењето за време на бременоста е штетно, па затоа трудниците најчесто се стигматизирани ако го прават тоа

Реклама

Бремените жени кои не се откажале од пушењето и пиењето за време на својата бременост тоа најчесто го прават во приватност, покажуваат податоците според една нова студија спроведена на Универзитетот во Кардиф.

Научниците откриле дека негативните реакции кон жените кои пушат и консумираат алкохол  во бременоста кај нив влијаат иритантно и ги оттуѓува.

Маркетинг

Според неодамна собраните податоци, повеќе од една петтина од жените во Велс пушеле во времето кога дознале дека биле бремени. Исто така, жените вклучени во оваа студија, кои пушеле цигари, откриле дека имале непријатни искуства со акушерките кои им дале совети за здравјто во бременоста со „осудувчки тон”, поради што и тие изгубиле верба да побараат совет и поддршка од овие лица. Некои од нив и негативно  гледаа кон своите партнери.

Многу истражувачи, пушачи и непушачи, рекле дека пушењето во приватноста е прифатливо во бременоста, што е спротивно на нивното гледиште за пушење во јавноста.

Маркетинг

„Моралните пресуди насочени кон идни мајки се главно поврзани со тоа како бремените жени се однесуваат кога станува збор за здравјето, а мајките на работничката класа се особено критични “, вели д-р. Аиме Грант од Универзитетот во Истражувачкиот центар Кардиф и додаде дека студијата открила дека коментарите на другите мајки се сметаат за иританти, поради тоа овие трудницит не бараат помош. „Никој не сака да го осудат и да се засрами”, додаде  др.Грант.

Жените обично се препорачува да не пушат за време на бременоста, бидејќи хемикалиите во цигарите му штетат на плодот и го ограничуваат снабдувањето со кислород.

Лекарите препорачуваат жените кои се бремени или планираат да забременат да не консумираат алкохол за да го минимизираат ризикот за бебето. „Пиењето во бременоста може да доведе до долгорочна штета на детето, и колку повеќе пиете, толку е поголем ризикот”, вели Националната здравствена служба на Обединетото Кралство.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button