Овие мисли ќе ве замислат, ќе ве растресат, ќе направат да ве полазат морници и можеби ќе ви помогнат да тргнете по поинаков пат во животот.
„Проклет да е стомакот кој не се сеќава на лебот што го јадел.“
„Дајте му маска на човек и тој ќе ви го покаже вистинсото лице.“
„Некои луѓе умираат на 25 години, но не ги закопуваат додека не наполнат 75.“
„Не е убаво она што е убаво, убаво е она што нема ни се допаѓа.“
„Да љубиш, а да не бидеш љубен, е како да одговараш, а никој не те ни повикал.“
„Последниот костум се прави без џебови.“
„Љубовта им дава дух на жените, а им го одзема на мажите.“
„Сеќавањето на страдањето двојно ја зголемува среќата.“
„Странски јазик подобро ќе научиш во кујна отколку во училишните клупи.“
„Љубовта е слепа, но гледа надалеку.“
„Онаму каде што недостасува сила, надоместуваме со волја.“
„Подобро е да живееш еден ден како лав, отколку сто години како овца.“
„Ја сакав, а понекогаш и таа ме сакаш мене.“
„Бидете понизни, затоа што сте направени од земја. Бидете благородни, затоа што сте направени од ѕвезди.“
„Бродот на пристаниште е безбеден, но тоа не е причината поради која бродовите се изградени.“
„Извини“, воздивна дрвото. „Посакувам да можев да ти дадам нешто, но не ми остана ништо.“