Провокативно и тесно, стомакот целосно гол – младата фолкерка се појави и веднаш им го украде шоуто
Елегантно, невино и максимално провокативно во исто време, само таа може вакво нешто
Пејачката Стојне Николова (29) важи за една од омилените помлади фолк-пејачки, а често привлекува внимание и со својот изглед.
Впрочем така беше и овој пат кога Стојне на еден настан се појави во занесно црвено издание со кое никого не остави рамнодушен.
Пејачката за оваа пригода избра долг црвен фустан кој во горниот дел ја следи линијата на телото и благо се шири кон здолништето, но во пределот на половината има голем отвор така што во преден план беше голиот стомак, но и тенката, витка линија на Николова.
Инстаграм/ Стојне Николова
Таа целото издание го заокружи со златна плико чанта и впечатливи обетки, додека косата и беше врзана во опавче.
Колку сите беа воодушевени од ова нејзино издание зборуваат и бројните реакции што ги доби на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Стојне Николова
„Божествено изгледаш“, „Мачкица“, „Ептен згодна“, беа само некои од овие ласкави коментари што Стојне си ги доби.
Инстаграм/ Стојне Николова
Потсетуваме, Стојне Николова неодамна го промовираше спотот за новата песна „Аманет“ со патриотска содржина.
Инстаграм/ Стојне Николова
Пејачката меѓу колегите важи за вистински работохолик, а својата кариера ја започна на своја 15 годишна возраст.
Инстаграм/ Стојне Николова
Таа во една пригода откри дека на почетокот најголема поддршка имала од својот тако Митко, без кого останала кога имала само 16 години.
И како што неколку пати досега истакнала во медиумите, тој многу сакал таа да продолжи со пеење и да не се откажува од својот сон, па таа денес гордо и самоуверено го исполнува неговиот аманет.