Позната пејачка се разведува?
Атрактивната албанска пејачка Алтуна Сејдиу-Туна и нејзиниот избраник Патрис Бериша се венчаа во 2017 година, а брзо потоа се роди нивниот прв син, Тиан
Минатата година станаа родители на уште еден син кој го доби името Зен.
Двојката радосно ја објави среќната вест, а нивните фотографии се најдоа на многу портали.
Односно Туна објави фотографии додека сè уште се наоѓа во сала, веднаш по породувањето, а честитки пристигнуваа од сите страни.
Сепак се чини дека има проблеми во рајот, па блиски пријатели на Туна за „Репортер“ изјавија дека двојката се разведува.
„Туна сега отиде на патување со синовите Тиан и Зен“, рекоа пријателите на пејачката и велат дека таа купила и куќа во која живее со своите две деца.
Туна важи за пејачка која ги следи светските трендови, па за објавување на полот на бебето ангажираше и авион кој додека леташе испушти син чад што значеше дека е момче.
Таа живее на висока нога и често носи брендирана облека, а за забавите кои ги приредува обично се незаоравни и се зборува долго време.
Ова е втор брак на Туна, која претходно беше мажена за бизнисменот Рилинд Река, но тој брак траеше кратко.
Сепак ниту Туна, ниту нејзиниот сопруг засега се немаат огласено јавно, па останува да чекаме и да ја дознаеме вистината.
Инаку Туна со години е позната на музичката сцена, но повеќе активна е на албанската, додека пак во Македонија се прослави со учеството во музичкото шоу „Плеј-потрага по ѕвезди“.