Холивуд

Проблематични се и НЕ се за ниски девојки: Џенифер Лопез во овие панталони изгледа како џиновско бебе со полни пелени

Advertisement

Џенифер Лопез знае како да се најде во центарот на вниманието

Advertisement

Но овој пат не е поради нејзиниот совршен изглед, туку повеќе поради погрешното издание со кое се појави во друштво на својот партнер Алекс Родригез. Тие заедно беа на вечера во еден ресторан во Беверли Хилс, па пејачката за оваа пригода реши да се облече малку поопуштено притоа пред да излезе од дома најверојатно заборавајќи да се погледне во огледалото. Имено, во центарот на вниманието беа нејзините необични и проблематични панталони за кои дефинитивно ќе беше подобро да ги оставеше во плакарите.

Пејачката која е позната по своите тесни комбинации овој пат реши да облече широк џемпер со големо „V“ деколте и спуштени, харем панталони на кои и Емси Харем би можел да и завидуваат. Во прашање е модел кој е удобен за носеше, но за сметка на тоа воопшто не ласка на телото, па Џенифер во нив изгледаше поприлично смешно.

Advertisement

Моделот визуелно ги скрати нејзините нозе и затоа не се препорачливи за ниски дами, каква што е и самата Џенифер, и затоа најдобро е да ги избегнуваат особено со ниски обувки.

Но Џеј Ло ги носеше во комбинација со тренди бели патики зачинети со светкави детали (најверојатно сакајќи да изгледа кул), а не недостасуваа и златните големи алки кои се заштитен знак на 49 годишната дива.

Па, што велите за ова издание на Џенифер?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button