На Александра Пријовиќ оваа година и беше посебна
Таа на почетокот од годината се оствари во улога на мајка, но за многу брзо време повторно и се врати на работата.
Снимаше неколку песни кои во меѓувреме станаа вистински хитови, со милионски прегледи на Јутјуб, а годината ќе ја заврши со спектакуларен настап за најлудата ноќ со кој ќе заработи и голема сума на пари.
На конференцијата по повод закажаниот настап познатата пејачка за српскиот „Телеграф“ изјави дека се уште не размислува во скоро време на малиот Александар да му роди братче или сестричка, но затоа пак со сопругот Филип секогаш им стои опцијата да посвојат дете.
Снаата на Брена не крие дека би сакала нејзиното семејство да се зголеми, но во овој момент тоа не е возможно поради здравствени причини.
– Се уште е рано за ново бебе. Александар има само осум и пол месеци. Докторката по породувањето од здравствени причини му препорача за втора бременоста да почекам барем две години – откри пејачката и додаде дека секако повто0рно ќе се оствари во улога на мајка, но тоа малку ќе почека.
– Многу сакам деца. Без размислување, Филип и јас би посвоиле дете ако така одлучиме. Зошто да не – одговори потврдно Александра на прашањето на новинарите на српскиот Телеграф дали би посвоила дете.