Пријателки за цел живот – овие девојчиња се запознаа додека се лечеа од рак и заедно го победија

Овие четири девојчиња пред три години беа болни од рак и се лекуваа во Детската болница Џон Хопкинс, Флорида.

Фото: Фејсбук

Другарките Мекинли, Клои, Ава и Лорен, повторно се сретнаа и направија заедничката фотографија со која го одбележаа Денот на борбата против ракот.

Тие сега се на возраст од 4 и 5 години и ова е прва година како сите се во ремисија, односно немаат знаци на болест, а лекарите кои ги третираа велат дека во најлошите моменти од лечењето многу се потпирале една на друга и си помагале полесно да ги совладаат тешките моменти.

ADVERTISEMENT

Мекинли, Ава и Лорен имале акутна лимфоцитна леукемија, а Клои имала ретка форма на рак на белите дробови.

Фото: Фејсбук

Последна со третманот заврши Лорен.

„Сите беа под силни терапии кога првпат се фотографираа заедно, како мали бебиња без коса и навистина ми е чудесно кога ги гледам како тие изгледаат денес“, вели Алиса Лучијано, мајката на Ава. Карен Мур пак, мајка на Мекинли, вели дека овие девојки и за неа биле голема утеха и дека стекнала многу пријатели во детскиот оддел на болницата.

Фото: Фејсбук

„Луѓето тука некако се поврзуваат, бидејќи кога сте често тука се запознавате меѓусебно и полесно ви е кога ќе видите познати лица“ – вели таа, додавајќи дека тие и како мајки на овие четири храбри девојчиња се поврзале и станале пријателки, па се слушаат и дружат се уште.

„Добро е чувство да се поврзете со луѓе кои го минуваат истото она што и вие“, вели таа.

Facebook Comments
(Visited 146 times, 1 visits today)