Пријанка ги воодушеви сите со својата раскошна венчавка, но сега ја критикуваат и напаѓаат поради овој необичен „детаљ“
И нејзиниот најубав ден во животот не можеше да помине без некој да ја критикува на социјалните мрежи.
Познатата актерка и поранешна манекенка со индиски корени, Пријанка Чопра, се омажи за својот избраник, пејачот Ник Џонас (26) во родната Индија.
Нивното традиционална венчавка ја следеше цел свет, но повторно беа критикувани од јавноста. Овој пат во центарот на вниманието ги стави организацијата за заштита на животните Пета, која го обвини познатиот пар за злоставување на животни. Имено, во согласност со традиционалните индиски обичаи, Ник дојде по својата невеста на накитен слон, што ги разлути љубителите на животните.
„Ви честитаме на среќниот ден, но жалиме што не беше среќен и за животните. Слоновите кои се изнајмуваат за свадба живеат во синџири, а коњите се воспитуваат со камшици”- им порачаа од познатото здружение „Пета“.
Актерката која стана Мис на светот во 2000 година и поранешниот пејач од бендот „Jonas Brothers”, само сакаа нивната свадба да има нешто заедничко со Хинду и христијанската култура, но очигледно тоа не наиде на одобрување кај голем број љубители на животни.
https://www.instagram.com/p/Bq2Y95tH9NL/
https://www.instagram.com/p/Bq9zP62ntiK/?utm_source=ig_embed