Реклама
Вирално

Пристигнаа одговорите на прашањето – дали ибупрофенот влијае на коронавирусот и што да правите ако се разболите??

Реклама

Еве што велат познатите светски доктори

Поради пандемијата со корона вирусот Македонија реши да ги затвори границите.

Маркетинг

И додека илјадници луѓе во светот бараат спас и се борат со заразата, британските водечки доктори испратија препорака дека ибупрофен и парацетамол можат да се користат за оние што сами се лекуваат од новиот вирус кој при крај на минатата година се појави во кинескиот град Вухан.

Но со брзина на светлината се огласија и многу светски стручни лица од оваа област според кои ибупрофен и парацетамол можат да ја влошат состојбата на пациент заболен од корона вирусот и никако да НЕ се земаат на своја рака.

Маркетинг

Во прашање се лекови кои служат за намалување на температурата.

Бруфенот е заштитно име за ибупрофен. Во прашање е ист лек.

Од друга страна српскиот клинички фармаколог на Медицинскиот факултет во Белграф, Јано Самарџиќ, вели се уште нема доволно клинички студии кои докажуваат дека било кое апче од оваа група, ако се праволно користи, ја влошува состојбата за време на инфекција Ковид -19.

Специјалистот пулмолог др. Срџан Лукиќ пак пишува дека повисоката телесна температура е одбранбен механизам кој имуниот систем го користи за борба против вирусот. И затоа е грешка да ја симнувате температурата ако ви е само благо зголемена бидејќи така му помагате на вирусот. Температурата се спушта дури откако значајно ќе порасне бидејќи тогаш го загрозува функционирањето на организмот.

Што се однесува до лековите, тој вели дека за сега нема докажани лекови кои помагаат кај КОВИД-19. Некои лекови покажаа ин витро (надвор од организмот) ефикасност против САРС-КоВ2, но тоа не значи дека ќе делува и ин виво. Ако добиете антибиотик од докторот тоа е заради превенција од бактериска суперинфекција.

Потребно е исто така да внесувате доволно течности бидејќи при инфекции организмот лесно дехидрира. Чаеви, супи, чорби, сокови, било што. Но не и алкохол, бидејќи алкохолот ја влошува дехидрацијата. Секако, оние што имаат хронични болести на срцето и бубрежните болни мораат внесувањето да го прилагодат на своите хронични болести.

Како и за секоја вирусна инфекција и за лечење на КОВИД -19 најважен е имуниот систем. Затоа најважно е да му ја оставите сета сила на располагање. Апсолутно мирување е најважно, а покрај тоа и адекватна исхрана. Диетите оставете ги за некое друго време и заборавете на „здравата исхрана“.

Што вели СЗО?

Од Светската здравствена организација препорачуваат дека луѓето кои се сомневаат дека се заразиле со новиот корона вирус Ковид-19 не треба да земаат Ибупрофен, без да се консултираат со лекар. Тоа го соопшти СЗО фокусирајќи се на студија за можен негативен ефект од тој лек, јави ДПА.

Портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер, на прес-конференција во Женева изјави дека претходните студии не откриле врска на ибупрофен со зголемено ниво на cмpтнocт, но додаде дека експертите во моментов вршат испитување.

– Доколку сами се лекувате препорачуваме Парацетамол, а не Ибупрофен – нагласи тој. Изјавата беше дадена откако француски експерти предупредија за несакани последици од употреба на ибупрофен, аспирин и други лекови во лечење против новиот вирус Ковид-19

На сите граѓани кои имаат одредени симптоми на респираторна инфекција, а кои во претходниот период престојувале во земји зафатени до КОВИД – 19, достапни се телефони, според местото на престој, на кои можат да ги добијат сите потребни информации, како и препораки за понатамошно постапување, од дежурни епидемиолози.

Во такви случаи не треба да се оди во болница, ниту со шетање и други активности да ги изложувате другите граѓани на потенцијални ризици, туку веднаш јавете му се на дежурниот епидемиолог.

Инкубација, симптоми и превенција

Инфекцијата од новиот корона вирус има период на инкубација од 1 до 14 дена. Но студија објавена во Журналот на американското медицинско здружение, откри нов доказ дека вирусот може да се шири асимптоматично. Според нивните преценки, секое заразено лице за време на епидемија во просек инфецира од едно до три лица.

Инфекцијата од корона вирус има широк спектар на симптоми, вклучувајќи и грозница, кашлање, кратко и отежнато дишење. Благи случаи укажуваат симптоми како кај настинка, додека потешките можат да доведат до воспаление на градите, тешки респираторни заболувања, престанување на работата на бубрезите, што може да биде кобно за заболените.

Најдобра превенција е често миење на рацете и дезинфекција на површините, носење на маски и ракавици во јавен превоз и во затворен простор во кој има повеќе лица.

Упатство за домашно лекување на пациенти со сомнителна инфекција со 2019-NCOV

Ова упатство е наменето за здравствени работници и здравствениот персонал кој доаѓа во контакт со пациенти суспектни на инфекција со nCoV.

СЗО продолжува внимателно да ја следи состојбата со цел добивање податоци за ажурирање на ова постоечко упатство за брзи совети.

Домашно згрижување за пациенти со суспектна инфекција со 2019- nCoV кои имаат умерени симптоми

Со оглед на тековното ограничено знаење за болеста предизвикана од инфекција со 2019-nCoV и начинот на пренесување на инфекцијата, СЗО препорачува сомнителните случаи да се изолираат и да се следат во болнички услови. Ова ќе овозможи безбедна и квалитетна здравствена заштита (во случај да се влошат симптомите на пациентите) како и јавна здравствена безбедност. Како и да е, од неколку можни причини, вклучително и ситуации кога хоспитализацијата е недостапна или небезбедна (т.е. ограничен капацитет и ресурси кои не можат да ја задоволат побарувачката за здравствени услуги), или во случај на согласно одбивање на хоспитализација, може да се превземаат алтернативни постапки за обезбедување на здравствена нега.

Доколку постои таква причина, пациентите со благи симптоми кои немаат некое постоечко хронично заболување, како што се белодробни или срцеви заболувања, бубрежна инсуфициенција или имунокомпромитивни состојби, може да бидат згрижени во домашната средина.

Истиот принцип на згрижување важи и за симптоматски пациенти на кои веќе не им е потребна хоспитализација. Оваа одлука бара внимателна клиничка проценка и треба да се спроведе преку проценка на безбедноста на животната средина на пациентот.

Здравствениот персонал треба да биде вклучен во надзорот на здравствената состојба со следење на развојот на симптомите преку телефонски повици и доколку е можно, преку лични посети на редовна основа (на пр. дневно), извршувајќи специфични дијагностички тестови (по потреба).

Покрај тоа, пациентите и членовите на семејството треба да се едуцираат за мерки за практикување на лична хигиена, спроведување на основните мерки за превенција и контрола на инфекција, за тоа како да се грижат за членот на семејството со сомнителна инфекција што е можно посигурно и да го спречат ширењето на инфекцијата на другите членови од семејството.

Тие треба да се придржуваат кон следниве препораки:

Да го стават пациентот во добро проветрена просторија. Да го ограничат бројот на лица кои се одговорни за грижа за пациентот (по можност да се додели едно лице кое е во добра здравствена состојба). Без посетители.

Членовите на семејството треба да останат во друга просторија или, ако тоа не е можно, да одржат растојание од најмалку 1м од болното лице (на пр. спиење во посебен кревет).

(Исклучок може да се смета мајка што дои. Со оглед на бенефитот од доењето и незначителната улога на мајчиното млеко во пренесувањето на респираторни вируси, мајката може да продолжи со доењето.

Мајката треба да носи медицинска маска кога е во близина на своето бебе и да практикува хигиена на рацете пред близок контакт со бебето. Исто така ќе треба да ги примени и другите хигиенски мерки опишани во ова упатство).

Да го ограничат движењето на пациентот и да се минимизира заедничкиот простор. Да се обезбеди добра проветреност (на пр. чувајте ги прозорците отворени) на заедничките простори (на пр. кујна, купатило).

Негувателот треба да носи медицинска маска прицврстена на лицето кога е во иста просторија со заболеното лице. За време на употребата, маските не треба да се допираат. Ако маската се навлажнува или се извалка со секрети, веднаш треба да се промени со нова. Да се отстрани маската по употреба и правилно да се измијат рацете.

Да се мијат рацете по секој контакт со заболено лице или по контакт со предмети од нивната непосредна околина. Исто така, да се мијат рацете пред и по подготвување на храна, пред јадење, после употреба на тоалетот. Ако рацете не се видливо извалкани, може да се употреби дезинфекциско средство со алкохолна основа за бришење на раце.

Да се мијат рацете користејќи сапун и вода кога рацете се видливо извалкани.

Кога се користи сапун и вода, пожелно е користење на хартија за еднократна употреба за сушење на рацете. Ако не се достапни, да се користат специјални крпи (пр. пешкири) кои треба да се заменат при навлажнување.

Респираторната хигиена треба да ја практикуваат сите, особено болните лица во секое време. Респираторната хигиена се однесува на покривање на устата и носот за време на кашлање или кивање со употреба на медицински маски, маски од ткаенини, проследено со миење на рацете.

Да се отстранат материјалите што се користат за да се покријат устата или носот или соодветно да се исистат после употреба (на пр. миење на марамчиња со употреба на сапун или детергент и вода).

Да се избегнува директен контакт со телесни течности, особено орални или респираторни секрети и столица. Да се користат ракавици за еднократна употреба при грижа за заболеното лице и при потреба од контакт со столица, урина и отпад. Да се измијат рацете пред и по отстранувањето на ракавиците.

Ракавиците, маските и отпадот треба да бидат сместени во посебен сад во просторијата на болното лице пред да бидат отстранети со другиот отпад од домаќинството.

Да се избегнува изложеност на контаминирани предмети во непосредна околина на заболеното лице (на пр. избегнувајте споделување на четки за заби, цигари, прибор за јадење, садови, пијалоци, пешкири или постелнина).

Приборот и садовите за јадење треба да се чистат со сапун или детергент и вода после употреба и може повторно да се користат наместо да се исфрлаат.

Секојдневно да се чистат и дезинфицираат честопати допрените површини, како што се масите, постелнините и другиот мебел во собата на заболеното лице со вообичаено средство за дезинфекција кое содржи средство за белење.
Да се чистат и дезинфицираат површините во бањата и тоалетот барем еднаш дневно со редовно средство за дезинфекција кое содржи средство за белење.
Да се пере облека, постелнини, пешкири на заболени лица со машина за перење на 60-90°C со детергент и исушете ги темелно. Да се избегнува директен контакт на кожата и облеката со контаминираните материјали и тресење на облеката и постелнините од заболеното лице.

Лицата со симптоми треба да останат дома сè додека не се опорават после спроведени клинички прегледи и лабораториски наоди (два негативни тестови на RT-PCR направени со растојание од најмалку 24 часа).

Сите членови на семејството треба да се сметаат за контакти и нивното здравје треба да биде под постојан надзор.

Управување со контактите

Со оглед на ограничените докази за пренос на 2019-nCoV од човек на човек, треба да се советуваат лицата (вклучително и здравствени работници) кои се во контакт со лица со сомнителна инфекција со 2019-nCoV, 14 дена од последниот ден на можниот контакт да побараат медицинска доколку развијат симптоми – покачена температура, кашлање или дијареја. Треба да се воспостави телефонска комуникација со здравствен работник за време на периодот на следење на контактите. Здравствениот персонал треба да биде вклучен во следењето на здравствената состојба на контактите преку телефон и доколку е можно, преку лични посети на редовна основа, извршувајќи специфични дијагностички тестови (по потреба).

Здравствениот работник треба да дава претходни упатства за тоа каде да се побара згрижување кога некој контакт се разболува, кој е најсоодветен начин на транспорт, кога и каде да се влезе во одредена здравствена установа и кои мерки на претпазливост за контрола на инфекцијата треба да се следат.

Да се извести болницата дека се транспортира симптоматски контакт. При транспорт до болницата, заболеното лице задолжително треба да носи медицинска маска.

Да се избегнува јавен транспорт до здравствената установа, ако е можно да се побара амбулантно возило или да се одвезе заболеното лице со приватно возило со отворени прозорци за проветрување, со маска на лицето.

Заболеното лице треба да се советува за спроведување на постојана респираторна хигиена и миење на рацете, седење најмалку 1м подалеку од другите лица при транспорт и во тек на престојот во здравствената установа.

Сите површини на кои има респираторни секрети и други телесни течности треба да бидат дезинфицирани со средство за белење.

Соодветна хигиена на рацете треба да се спроведува од страна на контактите на заболеното лице и од страна на негувателите.

Извор: Материјалите се превземени и преведени од СЗО (односно од страната на министерството за здравство)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button