Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Адхом Гебрејесус изјави во Женева дека пандемиајта од коронавирус и натаму забрзува и дека е двојно зголемен бројот на смртни случаи од заразата во изминатите шест недели.
Гебрејесус во текот на оваа недела ќе ја свика Комисијата за вонредни состојби во СЗО, шест месеци откако СЗО на 30. јануари прогласи вонредна состојба во јавното здравство на меѓународно ниво, пренесува АП.
Комисијата ќе дава совети за натамошната борба со пандемијата.
„Ковид -19 го смени нашиот свет, ги раздели луѓето, заедниците и народите“, рече Гебрејесус пред новинарите.
Тој наведе одредени фактори кои се покажуваат како успешни во некои земји, како што се политичко лидерство, образование, засилено тестирање, хигиена и мерките за физичко дистанцирање.