Природна козметика на база на кафе што ги освои срцата на нашите девојки- интервју со Стефанија Златку
Стефанија Златку е млада и амбициозна дама која успешно го изгради брендот Your Secret CRUSH. Македонски бренд за природна козметика на база на кафе што дефинитивно ги освои срцата на девојките.
Како се роди идеjата за CRUSH?
Спонтано :) Самиот производ произлезе од личната употреба на кафе скработ и од љубовта кон козметиката и кон бизнисот. Едноставно во еден момент се наредија коцките за да можам да создадам производ кој ќе биде одраз на она кое најмногу сакав да го работам.
Кои се карактеристиките на Your Secret CRUSH што го прави различен од останатите продукти?
Кафе скработ CRUSH e микс на природни и органски состојки кои се внимателно одбрани за истиот да биде multi benefitcial.. но не би можела да го споредувам со други производи бидејки знам колку е вложувано во секој производ за да биде тоа што е . Среќна сум што CRUSH го прават посебен девојките што го користат. На крајот од денот, CRUSH e создаден да ја направи девојката да се сака себеси и да се негува, а наша најголема среќа е кога ќе го постигнеме тоа.
За што е наменет скработ и како се употребува?
100% природниот состав дозволува скработ да се користи за нега на лице, тело, коса. Одличен е за третирање на кожа која има проблеми со акни, лузни, стрии, целулит, поткожни влакна. А користењето е навистина едноставно 3- 4 пати во неделата, се нанесува на влажна кожа со нежна масажа, се остава неколку минути да проработи магијата па се плакне :)
Какво е чувството да се биде млад претприемач?
Исполнето. Ненаспано. Прекрасно. :)
Што ќе им порачате на сите млади луѓе кои сакаат да започнат со нов и иновативен бизнис?
Да бидат упорни во реализација на она што го замислиле, истрајни и посветени. Превземањето иницијатива и одговорност се двете клучни работи кои еден претприемач мора да ги поседува.
Што следно може да очекуваме од брендот CRUSH?
Цела година работиме на нови производи.. но деталите ги оставам за некоја друга прилика. :)