Принцот Филип ја предаде возачката по сообраќајна несреќа

Филип (97), сопругот на кралицата Елизабета Втора, одлучи да ја предаде својата возачка дозвола откако учествуваше во несреќа на крајот од јануари во која едно лице беше повредено, соопшти Бакингамската палата.

ADVERTISEMENT

„По внимателно разгледување на ситуацијата, Војводата од Единбург одлучи доброволно да ја предаде својата возачка дозвола”, соопштија од палатата.

ADVERTISEMENT

Принцот Филип не беше повреден во несреќата, но повреди две жени. Војводата се судри со „Киа“, управувана од 28-годишна жена, која претрпела исекотини, додека другата, 45-годишна жена го скршила зглобот на едната рака.

Без повреди поминало и бебето, кое исто така се наоѓало во автомобилот. Војводата патувал сам во своето возило.

Десет дена по несреќата, Принцот Филип испрати „длабоко извинување” на жената која беше повредена во сообраќајна несреќа.

ADVERTISEMENT

Facebook Comments
(Visited 399 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT