Прилепската „Гранд ѕвезда“ потполно искрено за ситуацијата: „Во МАКЕДОНИЈА е катастpoфа. Не живееме нормално!“
Еве што прави Ален во слободното време
Пејачот Ален Хасановиќ заедно со својот брат снимаат клипови и истите ги споделуваат на социјалните мрежи.
Прилепчанецот во вклучување за емисијата „Гранд магазин“ изјави дека му недостига дружењето со музиката и дека одвај чека да се врати во нормала.
„Во Македонија ситуацијата е катастрофа. Полицискиот час е од 22 часот и иако имаме цел ден слободен не живееме нормално“, изјави тој во директното вклучување во споменатата емисија, пишува „Гранд.онлајн“.
Хасановиќ кој со својот неверојатен талент за пеење успеа да го воодушеви целиот регион кога се појави во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, по натпреварувањето потпиша договор со оваа продукциска куќа. Тој клиповите ги снима заедно со својот брат со кого заедно работат во продукцијата „АХ медија“, а како што изјави и самиот, истите ги снимаат спонтано.
Негови најпопуларни песни се „Те барам“ и „Лејла“ кои вкупно имаат неколку милиони прегледи, додека „Кој сум ти јас на тебе“ со Белма Карсиќ преку шест милиони.
Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ
Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ
Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ
Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ
Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ
Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ
Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ
Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ
Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ