Реклама
Кафе муабет

Приказна на една баба што ќе ви покаже колку е лесно да се биде среќен

Реклама

Уште пред 8 часот наутро, 92-годишната баба Татјана веќе беше облечена, дискретно нашминкана, уредно исчешлана.

Таа е подготвена да се пресели во старечки дом.

Маркетинг

Нејзиниот сопруг неодамна го изгуби животот, па сега бабичката нема друг избор. Таа се сели во домот каде ќе има кој да се грижи за неа. И покрај часови и часови трпеливо чекање, седеше сериозно и неподвижна, и се насмеа само еднаш – кога и беше кажано дека нејзината соба е подготвена.

На патот кон лифтот, медицинската сестра и објасни како ќе изгледа нејзината мала соба. Ќе има завеси кои изгледаат како прозорци. „О, ќе ми се допадне завесата“, беше првото нешто што го кажа бабата Татјана, и тоа со ентузијазам на дете кое штотуку ја доби играчката за која сонуваше.

Маркетинг

Патот до среќата

Медицинската сестра се исплаши од предвремената реакција и можното разочарување, па внимателно и рече:

„Бабичке, да почекаме да ги видиме прво. Можеби нема да ви се допаднат“.

„Не е важно. Среќата е она што однапред ќе одлучите. Како изгледа мојата нова соба не зависи од распоредот и изборот на мебел, туку од начинот на кој функционира мозокот. Тоа е одлуката која што јас ја донесувам секое утро, веднаш штом ќе се разбудам. Имам избор – да го поминам цел ден во креветот размислувајќи за мојата болест и деловите од телото што повеќе не ги чувствувам, или да почувствувам радост и благодарност секој ден. Секој ден го доживувам како подарок и сè додека сум жива, ќе мислам само на убавите спомени”- и кажа оваа баба на сестрата, додавајќи:

„Староста е како да имате сметка во банка. Ги вадите парите што тука сте ги ставиле во текот на животот. Ве советувам на вашата сметка со спомени да ставите што е можно повеќе среќни моменти”, и кажа старицата во еден здив на медицинската сестра и потоа повторно замолчи.

Подоцна таа ги откри и нејзините 5 прилично едноставни правила на среќни луѓе кои ги применува цел живот. А тоа се: Исчистете го срцето од злоба, исчистете го мозокот од загриженост, живејте што е можно поедноставно, давајте колку што можете повеќе и не очекувајте премногу.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button