Реклама
Вирално

Приказна која го растажи регионот: Крадци на дете му ги украдоа капините, еве што се случи потоа

Реклама

Неодамна целиот регион беше потресен од приказната за малиот Зухдија Алиќ (13) од селото Брлошци во БиХ, кој продавал диви капини покрај магистралниот пат Тузла – Сараево, за да им помогне на социјално загрозените родителите, но двајца крадци му го украдоа овошјето. Но изгледа оваа мачна приказна, доби нов, многу попозитивен расплет.

„Му ги украдоа капините, но тој оди напред уште посилен. МОЈОТ ЈУНАК“, вели гордата мајка на детето поради кое регионот се крена на нозе.

Маркетинг

„Уште ми е страв, кога ќе видам комбе, ме лазат морници. Сепак продавам и натаму, но сега сум малку повнимателен. Кога ги ставав капините во кеса, која ја извадија тие двајцата од комбето, видов дека не вадат пари за да ми платат, па се повлеков неколку чекори наназад, се исплашив дека ќе ме грабнат и ќе ме фрлат во комбето, дека нема да ги видам повеќе мајка ми, татко ми, моите сестри и братот. Ми се потсмеваа, седнаа во комбето и заминаа кон Тузла. Од страв не ја запомнив регистрацијата, знам дека беше босанска, ниту дали пишува нешто на комбето, само знам дека беше жолта боја“, рече Зухдија, додека гледа во мобилниот телефон кој неколку дена пред тоа го добил од едне човек.

„Ова ми е прв телефон во животот, би сакал како и сите други деца да имам и лаптоп, кој добро би ми дошол сега кога ќе има онлајн настава“, вели малиот Зуле, како што нагалено го викаат родителите.

Маркетинг

Во викендите и додека трае училишниот распуст, денот на Зухдија почнува така што наутро со постарата сестра оди во шума за да бере диви капини. Се враќаат дома пред горештините.

„Претходно тоа го правев со мојот брат, но тој сега има друга работа. Имаме недалеку една своја нива и околу неа има многу капини, таму најмногу береме“, вели Зухдија кој се насмеа на забелешката дека има свој сопствен овоштарник со капини.
По собирањето капини, ги пакува во садови од еден килограм, најчесто користи пластични шишиња од сок и заминува на стотина метри од куќата покрај патот.

„Седам на заштитната ограда, слушам кога наидува автомобил, и ја кревам раката во која има сад со капини. Повеќето возачи поминуваат, некои ќе свирнат, ќе замавнат со рака во знак на поздрав. Им возвраќам на оние кои ги познавам. Имам впечаток дека многу луѓе ме знаат“, раскажува ова момче.

На почетокот, додека уште го печел занаетот на продавач на шумски плодови, неговата мајка Сенада (42) вели дека многу луѓе на тој пат продаваат шумски плодови, зошто од нешто мора да се живее, па не оди се како подмачкано.

„Ми се потсмеваа другите деца, ми зборуваа дека продавам капини, зошто немам што да јадам. Татковците на некои од нив работеа во Словенија, но дојде ден кога и тие почнаа да продаваат капини. Никогаш не ги сметав за конкуренција, зошто имам свое место за продажба“, рече Зухдија и додаде дека продажбата е подобра за викенд отколку во работните денови.

„Купуваат повеќе луѓе кои се враќаат од викенд поминат во Сараево и околината. Кога е убаво времето седам покрај патот и продавам, а кога има дожд одам до рекламното пано на својот сосед и таму се кријам од дождот. Ништо не може да ме спречи да продавам капини, зошто знам дека тие пари добро ќе му дојдат на моето семејство, зборува детето и од сопствено искуство вели дека луѓето сакаат шумски плодови, диви јагоди, потоа печурки, а после нив капини, кои сепак одат најдобро.

„Моите купувачи прво ги мирисаат капините а потоа ги пробуваат, мислам дека мирисот ги обзема, ми плаќаат, ме галат по косата и одат. За жал, се наоѓаат и оние кои ми го грабаат собраното овошје. Не плачев поради тоа, затоа што веќе се исплашив да не ми направат нешто, да не ме грабнат“, со плачлив глас рече Зухдија.

Мајката Сенада уште е исплашена, но од друга страна среќна и благодарна до сите добри луѓе кои се јавија со желба да им помогнат.

„Им благодарам на добрите луѓе кои се јавија, на сите кои ни испратија помош за децата, ни ја вратија вербата во луѓето. Ни испратија пакети во кои има прибор за училиште, на Зухдија му испратија облека и обувки. На овие кои го искрадоа мојот син не им се лутам, би сакала да ми се јават, четири пати ги повикав кај нас дома, би им сварила кафе и би им кажала дека не е добро тоа што го направиле, не само на мојот син туку и на било кого. Дури би им дала и од набраните капини, без да ми дадат ниту една марка. Моето дете не можеше да спие, многу се исплаши“, раскажува Сенада.

Набрзо потоа Зухдија го поби и посакуваниот лаптоп, за да може полесно да ја совладата онлајн наставата.

„Од сите предмети во училиште најмногу сакам биологија, сакам и информатики, на училиште имаме компјутери, за жал досега немав компјутер дома за да го вежбам она што го учевме на училиште. Сега ќе го можам и тоа“, вели ова умно дете.

И покрај тешкиот живот во куќата во која живее детето со своите две сестри, братот, мајката и таткото владее совршен ред и чистота. Мајката Сенада пред неколку години била тешко болна и вели дека од најмала возраст ги учи своите деца дека мора да работат.

„Не го правам тоа, за мене да ми помагаат, туку за подоцна да им биде полесно во животот, зошто ние нема да живееме вечно. Во куќата имаме договор, сите знаат што треба да работат, секој во склад со свотие можности. Сопругот Фикрет е најчесто во шума каде што сече дрва, синот кој се школуваше за фризер е на други работи, едната ќерка оди во втора година средно и ќе биде фризерка, а најмладата ќерка е претшколска возраст. Зухдија сега ќе оди во седмо одделение. Можам да се пофалам дека мојата најмлада ќерка која уште нема седум години знае да направи пита. Мојата средношколка на 13 години знаеше да направи комплетен ручек кој не чекаше додека не се вратиме од шума, и тие работни навики во животот само може да им помогнат, а не да им одмогнат“, вели Сенада Алиќ, горда мајка на четири деца.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button