Преубавата турска актерка Јилдиз од „Забрането јаболко“ е бремена, но не може да ги сопре солзите: Збогум, ти беше моето прво дете, моето мало другарче

Убавата турска актерка Еда Еџе која македонската јавност ја знае како Јилдиз преку една од најгледаните турски серии „Забрането јаболко“ која е актуелна во моментов и се емитува на Канал 5 телевизија на социјалните мрежи објави тажна вест.
Актерката која е во третиот месец од бременоста и се подготвува да стане мајка, како што пишуваат турските медиуми, ја потресе смртта на нејзиното куче Плутон, па таа својата тага ја сподели со фановите на социјалните мрежи преку емотивна порака.
Фото: Инстаграм
„Збогум мој Плутон… Мојот најверен пријател, моето мало другарче со големо срце, моето прво дете кое никогаш не ме напушта. Имаме толку многу спомени со тебе, заедно пораснавме…
Многу ќе ѝ недостигаш на мајка ти. На целото семејство му е многу жал. Не можам повеќе да пишувам, едвај ги гледам твоите слики. Ти благодарам илјада пати за овие прекрасни 10 години. Плутон12.12.2013-18.10.2023 “, напиша славната актерка.
Фото: Инстаграм
Еда Еџе, која остави силен впечаток како актерка и надвор од Турција преку улогата на Јилдиз во ТВ серијата „Забрането јаболко“ во една прилика за модниот магазин Elele раскажа дека своето патувањето до славата го започнала на 13 години.
Фото: Инстаграм
Со следната изјава таа ја освои публиката која се увери дека Еда не е само убава девојка, туку и многу скромна и покрај тоа што со серијата „Забрането јаболко“ постигна голема слава.
„Не станав актерка за да бидам славна, станав славна затоа што сум актерка“.
Фото: Инстаграм
Приказната на Еда Еџе започнува со нејзиното појавување на насловната страница на магазинот Heygirl кога имала 13 години.
Подоцна како студентка по психологија театарот станува многу присутен во нејзиниот живот и таа постепено почнала да чекори напред по степениците на славата.
Фото: Фејсбук