TV

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ: Граѓаните не се условени приватно да викаат Северна Македонија

Не знам дали забележувате, не само денес , не само по оваа пригода, но јас многу ретко го употребувам тоа име, вели Пендаросвки

Реклама
Реклама

На Денот на независноста на Македонија, 8 септември, празник за сите граѓани , претседателот на државата, Стево Пендаросвки беше гостин во рамките на утринската програма на Сител „Ја сакам Македонија“.

Тој зборуваше за тоа дека чепкањето на Уставот не е толку страшна работа како што се претатвува во јавноста и во минатото неколку пати се менувал.

Маркетинг

Кога го прашаа кога бил најгорд како Македонец на спортски план , претседателот го издвои настанот кога македонската кошарка пред 12 години на Европското првенство (ЕП) кое се одржа во Литванија ја оствари најголемата победа во историјата и се пласира меѓу четирите најдобри репрезентации на стариот континент.

Легендарната фраза на Владо Илиевски „Леле што напраифме“ ќе остане врежана во нашите сеќавања.

Маркетинг

Ја паметиме тогашната сплотеност на македоснкиот народ, пречекот на кошаркарите на плоштадот Македонија кој беше спектакуларен.

 

Одбележување на роденденот на Македонија не се одбележува последниве неколку години спектакуларно, забележаа водителите.

Граѓаните никако  да го прифатат новото уставно име Северна .Само политичките лидери имаат моќ во една реченица 12 пати да кажат Северна.

-Не сите политичари, возврати Пенадровски, не знам дали забележувате, не само денес , не само по оваа пригода, но јас многу ретко го употребувам тоа име. Граѓаните, а за жал и политичарите, оној значаен дел, ане разбираат, дека ние тука кога разговараме, дури и јас како претседател не сме обврзани да кажуваме 12 пати, пет пати, два пати Северна Македонија, вели Пендаровски.

 

Кога пишувам писмо до други институции во странство или до домашни институции, мора да имам во заглавето Севрна. Меѓутоа во се друго јас не сум обрвзан да повторувам како папагал Сверна,Северна… Не ме бендисува ова што го кажувате , тоа го забележувам од 2018 година. Кај многумина пошто -пота, по секоја цена, да се повторува Северна, Северна, мислејќи дека некој од надвор дека ќе те казни – вели претседателот.

Тој додава, дека не сте обврзани дома со сопругите да велите Северна.

 

Ниту во медиумите не мора новинарите да го корстат новото уставно име.

– Државните медуми се обврзани, а приватните медиуми не. Настани кои се финансирани од државниот буџет мораат да го употербуваат новото име, вели тој во телевизиското интервју.

По ова, претседателот кажа дека започнува неговата денешна празнична агенда, најпрво ќе оди  на гробиштата во Бутел да им оддаде почит на вечните почивалишта на поранешните претседатели на Македонија, Киро Глигоров и Борис Трајковски.

 

 

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button