Стил

Претседателката на Македонија како излезена од модно списание – овие неколку детали ги изненадија сите

Три различни изданија, но со еден заеднички детаљ

Advertisement

Три различни дезени

Првата жена претседател на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова повторно успеа да привлече внимание со својот стил.

Advertisement

На нејзиниот профил на Инстаграм овие денови беа објавени неколку фотографии од нејзините активности, а она што го забележаа многумина се и нејзините интересни аутфити.

Имено, претседателката на еден од последните настани се појави во бел фустан со впечатливи црни точки, преку кој носеше црно сако.

Advertisement
Инстаграм/ Гордана Сиљановска-Давкова

Таа целото издание го „зачини“ со интересна црна огрлица која одлично се вклопи во комбинацијата, па дури и со ремчињата на часовникот.

Инстаграм/ Гордана Сиљановска-Давкова

Инстаграм/ Гордана Сиљановска-Давкова

Покрај ова издание со еден од омилените „винтиџ“ дезени на многу дами, претходно нешто што носеше претседателката беше повторно фустан со интересен дезен, но во потполно поинакви нијанси.

Инстаграм/ Гордана Сиљановска-Давкова

И третиот стајлинг можеби беше и најинтересен, само што овој пат наместо фустан носеше беж панталони и туника со впечатлив цветен дезен во зелена боја.

Инстаграм/ Гордана Сиљановска-Давкова

Инстаграм/ Гордана Сиљановска-Давкова

Па, кое од овие три изданија ви се допаѓа најмногу?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button