Реклама
Фитнес

Престанете да го третирате телото како брза мода – сега во мода се големи задници, но за брзо време тоа ќе биде нешто друго!

Реклама

Престанете да го третирате телото како брза мода – сега во мода се големи задници, но додека да ги направите тие ќе бидат аут. Убавината е во окото на оној што гледа. Или барем така велат. Но, дали тоа е навистина така?

Сите ние сме под влијание на „Zeitgeist“ (духот на времето), без разлика дали тоа ни се допаѓа или не, и „стандардите за убавина” на нашето време дефинитивно влијаат на она што го сметаме за убаво и привлечно.

Маркетинг

Фитнес-блогерката Кеси Хо забележа дека идеалниот облик на тело што општеството го дава за жените изгледа дека во последно време се менува уште побрзо. Како и самата природа на брзата мода, каде трендовите доаѓаат и одат додека да сте трепнале со окото, овие брзи промени во идеалите ги оставаат жените да се чувствуваат збунети, исцрпени и секогаш недоволно добри. Значи сте работеле вашиот задник да биде стегнат и да го добиете оној посакуван бикини изглед Премногу доцна, сега ви треба огромен задник и тесен појас. За да ја илустрира нејзината поента, Кеси одлучи да покаже како се промениле стандардите за убавина со текот на годините.

Маркетинг

2018

Кеси Хо неодамна одлучи да го прикаже менувањето на природата на стандардите за убавина Еве како би изгледало нејзиното „совршено“ тело низ историјата:

Голем задник, широка во колковите, ситна во половината и полни усни се ИН ! Постои огромен пораст во пластичната хирургија за импланти во задникот благодарение на денешните Инстаграм модели кои објавуваат “belfies”. Дури и лекарите за козметичка хирургија станаа ИГ-познати поради преобликувањето на телата на жените.

Помеѓу 2012-2014 година, имплантите на задникот и инјекциите се зголемија за 58%.

1400-1700

Италијанската ренесанса

„Гледајќи во целост со заоблен стомак, големи колкови и природна големина на гради ќе заклучите дека доброто хранење е знак на богатство и статус. Само сиромашните се тенки и тоа воопшто не е ИН.”

“Зошто ги третираме нашите тела како што ги третираме модата? “Големите гради се аут! Задникот е ИН! “Па, ваквото „фабрикување“ на нашите тела е многу поопасна од производството на облека.”

Престанете да го третирате вашето тело како да е „брза мода“

„Ве молам третирајте го своето тело со љубов и почит и не подлегнувајте на стандардите за убавина. Прегрнете го вашето телото и сакајте го затоа што тоа е вашето совршено тело и не третирајте го како брза мода.“

Многу луѓето ѝ честитаа на проектот со воодушевување во коментарите под нејзините фотографии.

Извор: Boredpanda.com, Instagram

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button