Преслатко видео – мајка со своето бебе дојде во зоолошката градина, ГОРИЛАТА КИКИ го донесе своето да и го покаже
Една мајка во зоолошката градина во Бостон се шеташе со своето бебе во рацете, а мајката горила веднаш ја забележа и го донесе своето бебе да се запознаат.
Емили Oстин го држеше нејзиното бебенце во рацете и на целиот свет му покажа дека мајчинската поврзаност ги надминува и видовите откако таа и мајката горила од зоолошката градина во Бостон една на друга си ги покажуваа своите наследници. Видеото од овој необичен момент беше објавен на социјалните мрежи и веднаш стана вирално, пренесува „Њујорк Пост“.
„Едноставно бев запрепастена“, изјави Емили.
Не набљудуваше од пештерата и мислев дека гледа во мојот син – изјави Емили и додаде дека Кими помина околу 5 минути мавтајќи кон нив и гледајќи го нејзиното бебе што таа го држеше во рацете.
Оваа несекојдневна средба со горилата ја сними нејзиниот сопруг Мајкл. Тие двајцата ја посетија зоолошката „Франклин Парк“ во Бостон заедно со нивното петмесечно бебенце Канион. На мајката на почетокот не и беше јасно што прави Кики, се додека и таа не го земала своето седуммесечно бебенце Пабло и не го подигна покрај стаклото од својот кафез.
Таа сакаше да и го покаже своето синче на Емили. Покрај Пабло, Кики има уште четири мајмунки.
Емили и Кики преку стаклото покажуваа една на друга своите деца, а Кики ја стави својата рака на стаклото како да сака да го погали малиот наследник на нејзините нови пријатели.
Нејзиното лице беше преполно со љубов. Го покажуваше малиот Пабло на моето бебе, изјави воодушевено Емили.
Кенион оваа неверојатна средба ја преспа, но Емили се надева дека во иднина ќе се дружат кога повторно ќе ја посетат зоолошката.