Прераната смрт на Мирко Попов ги потресе сите – почина ненадејно, но остана бесмртен со неговото дело
Колегите на Мирко Попов во чест на неговиот роденден организираа настан под името „ПМГ си ти“
Неговата ненадејна смрт беше шок за многумина
Мирко Попов беше еден од најпознатите диџеи во Скопје и музичар кој остави неизбришливи траги во македонската клупска сцена.
Тој беше и остана легенда на македонската техно сцена, а неговиот живот згасна во март месец оваа година.
Да беше жив Мирко на 15 октомври ќе наполнеше 52 години, а по тој повод онлајн продавницата Митра (види повеќе за ова тука) го одбележи овој ден со специјални музички миксови достапни за сите, направени од неговите најблиски соработници.
Принтскрин/ Јутјуб
Покрај ова, роденденот на Мирко беше одбележан и на 18 октомври во барот МАККА и ноќниот клуб Епицентар со целовечерна музичка програма која се случи под името „PMG si ti“ каде негови другари, соработници и диџеи се забавуваа во негова чест, во има на урбаното и модерното Скопје кое Мирко 30 години од животот неуморно го градеше.
Инстаграм/ ПМГ
Потсетуваме, Мирко Попов почина на 24 март 2024 година, а оваа вест беше шок за неговите пријатели и фанови.
Фејсбук/ Мирко Попов
Покрај својата плодна музичка кариера и тоа што беше бастион на македонската техно сцена, Попов се има појавено и во неколку театарски претстави, како и во филмско остварување, а воедно бил автор и на неколку музички дела за театар и филм.
Фејсбук/ Мирко Попов
Мирко има режирано и една радио драма, а долги години беше уредник и на неколку емисии на култното скопско радио Канал 103, како и продуцент на електронска музика во склоп на ПМГ.